Шок за Арсенал: ПСЖ со 135 милиони евра тргнува по Деклан Рајс!

332

Се чини дека по поразот од Вест Хем овој викенд тимот на Арсенал и дефиитивно ја загуби битката со Ливерпул за титулата, посебно ако се знае дека “Редси“ славеа на гости кај Манчестер Сити. Сепак не само тој проблемот за клубот од „Емирејтс“.

Имено како што пренесуваат медиумите на Островот, на адреса на Арсенал стигнала понуда вредна 135 милиони евра и тоа за првата ѕвезда на “топчиите“, а тоа е Деклан Рајс, кој исто така е и еден од клучните играчи на репрезентацијата на Англија. Секако дека оваа понува би можела да биде зголемена ако се сметаат тука и разните бонуси.

Наводно одговорот на првите луѓе на Арсенал, иако шокирани од понудата, дека не може да се разговара на таа тема за сума под 160 милиони евра.

Тоа секако за ПСЖ нема да биде проблем, па така во летниот преоден рок би можело да се случи еден од најспектакуларните трансфер во последните неколку години.

Инаку Рајс во јуни 2023 година се пресели во Арсенал и тоа од Вест Хем за 120 милиони евра.

ПретходноПСЖ е МАШИНА: Тимот на Луис Енрике го “среди“ и Лион и маршира кон нова титула!
СледноМајсторски гол на Нејмар – директно од корнер (ВИДЕО)