Битката за Истанбул без победник, Галата и натаму со +6 пред Фенер!

206

Многу врева за ништо. Битката за Истанбул без победник. Вечното дерби во Турција, мега – дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши без голови. Секако дека овој резултат повеќе му одговара на домашниот состава ако се знае дека Галата како лидер и натаму ќе има +6 бода разлика пред својот најголем ривал, а тоа е Фенер.

Како што е вообичаено кога играат овие два тима, голема пресија, екстра мотиви, голема борба но речиси ништо од убавините на фудбалот. Некоја ретка закана, без изгледни шанси и на крајот заслужени 0:0.

Треба да се каже дека овој меч, за првпат во историјата, го судеше странец и тоа Славко Винчич кој добро си ја одработи својата задача, а исто така треба да се каже дека, за разлика од некои други мечеви во минатото кога играле овие два клуба, немаше инциденти, но за тоа се погрижија 30.000 полицајци кои директно или индиректно беа вклучени на оваа средба.

ПретходноПелистер му се реваншираше на Алкалоид и го превзема врвот
СледноМакедонија победнички против Полска за крај на квалификациите за ЕП (ФОТО)