Дамјан ти благодариме за се (ФОТО)

111

Дамјан Стојановски и официјално стави крај на својата репрезентативна кариера. Кошаркарот на МЗТ Скопје уште пред извесно време најави дека се повлекува од играње за националниот тим, но одлучи да се врати да помогне во битката за пласман на Европското првенство, на кое Македонија не успеа да се пласира.

Раководството на КФСМ пред почетокот на последниот квалификациски дуел со Полска на домашен терен во знак на благодарност му врачи врамен дрес. Дамјан Стојановски од 2009 година го носи дресот на Македонија.

Публиката во салата „Кале“ со громогласен аплауз го поздрави големиот борец, кој останува пример како треба да се игра во дресот на Македонија.

ПретходноКоментар на 20.коло: Ова е тој НОВ Вардар!
СледноШокантно откритие: Шек бил позитивен на кокаин на ОИ во Атланта 1996 (ВИДЕО)