Дерби во Битола: Што е добар резултатот за Пелистер и за Алкалоид за врвот!

244

Денеска ќе биде комплетирано 19-то коло во Супер-лигата. Во Битола силите ќе ги одмерат актуелниот првак, Пелистер и актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот, Алкалоид, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Алкалоид пред овој дуел е лидер на табелата, има 34 бода, два повеќе од Пелистер. Победникот од оваа средба ќе даде појасна слика за изгледот на табелата пред стартот на плеј-офот. Првата осовосезонска пресметка заврши во корист на избраниците на Кирил Лазаров, кои на домашен терен славеа со убедливи 32-25. Од оваа средба се променија многу работи во таборот на актуелниот првак, кој има и нов тренер, Раул Алонсо и игра подобар ракомет.

Фаворит е тимот од Битола, составот на Пелистер е исполнет со бројни странски засилувања, дел играат во своите репрезентации, како и македонски играчи кои исто така го носат дресот на нашата земја. Избраниците на Раул Алонсо ќе имаат поддршка од полни трибини, што пак е дополнителен мотив и голем плус.

На другата страна Алкалоид имаше само еден ден за одмор пред овој дуел, во саботата на домашен терен го играше реванш мечот против Бриксен во рамките на осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп, но како што кажа Лазаров, нема време за жалење и плачење.

За оваа средба која како што кажавме ќе одлучи околу лидерското место има неколку сценарија.

-Со било каква победа или реми Алкалоид ќе остане лидер и ќе пренесе три бода во плеј-офот.

-Пораз на Алкалоид под осум гола, исто ќе значи задржување на лидерското место пред стартот на плеј-офот.

-Победа на Пелистер над 9 гола ќе значи дека битолчани ќе пренесат три бода во плеј-офот.

-Постојат математики кои ќе го однесат и Вардар на лидерската позициа, а потоа ако Пелистер победи со 8 разлика и даде помалку од 35 гола. Но, ако Пелистер даде повеќе од 35 гола, тогаш првото место е за Пелистер.

ПретходноСлот по победата над Сити: Не им дозволивме да создадат добри шанси!
СледноТашовски се врати во ТФТ