Македонија вечерва славеше против Полска во последниот меч од квалификациите за ЕП 2025. Познато беше и пред мечот дека нема да се пласираме на ЕП, но сепак нашите кошаркари одиграа добар меч и заслужено победија.
Лејсон Зеќири во целост ја оправда довербата што му беше дадена. Постигна 14 поени, имаше седум скокови и четири асистенции.
По мечот изјави:
„Селекторот ни даде доверба на сите, веруваше во нас, сите бевме тука едни за други и сето тоа придонесе да се случи она што се случи на теренот – со колективна игра стигнавме до заслужена победа. Пресреќен сум за моите бројки, покажав дека можам да играм за оваа репрезентација, да дадам свој придонес за една голема победа. Верувам дека ако продолжиме со вакви игри пред нашата репрезентација е светла иднина“, изјави Зеќири.