Познато дека Златан Ибрахимовиќ е еден од главните луѓе во Милан, ако не и главен, иако официјално улогата му е советодавна, барем на хартија. Сепак јавна тајна е таа дека Златан се прашува за сите битни работи во клубот.
Па така пред извесно време тој јавно кажа – Јас сум шеф во Милан, овде сите работат за мене.
Но, во последното интервју Швеѓанецот со балканско потекло, кажа дека не мислел така:
“Се шегував. Тоа е моја класична шега. Се разбира дека се зависи од тоа со кого се шегувам. Јас тоа го кажав зошто во тимот се мои соиграчи, поради тоа така кажав“ посочи Ибрахимовиќ.