Кошаркарската федерација со сите почести ќе му се поклони на Дамјан Стојановски!

191

Кошаркарската федерација на Македонија денеска со сите почести, како што доликува ќе му се заблагодари на Дамјан Стојановски за сето она што го има направено во националниот дрес.

Иако Дамјан пред извесно време се повлече од настап во репрезентацијата, сепак се врати на кратко со цел да помогне во квалификациите за еврошампионатот.

Денеска пред мечот со Полска, последен во рамките на квалификациите за Европското првенство 2025 година, тој ќе добие врамен дрес од страна на федерацијата.

Дамјан во 2009 година се најде на списокот на Јовица Арсиќ за Европското првенство.

“Секако дека го паметам, тоа беше кога ми кажаа дека сум на поширокиот список на репрезентацијата на Европското првенство 2009 година. Бевме премногу добро прифатени од постарите кошаркари, уште на самиот почеток имавме поддршка од нив, и на тренинзите и на натпреварите, што пак е многу важно за еден млад кошаркар. Навистина беше голема привилегија да се игра и да се учи од легенедите како што се Врбица Стефанов, Перо Антиќ, Тоше Гечевски, Перо Блажевски, Ѓорѓи Чековски, Владо Илиевски”, ни кажа Дамјан Стојановски во новогодишното интервју по повод 20- годишнината кариера.

ПретходноКевин де Брујне одлучи каде ќе ја продолжи кариерата
СледноФФМ „распали“ по Беса: Ова е куќа на фудбалот, а не “куќа на уметноста”