Македонија победнички против Полска за крај на квалификациите за ЕП (ФОТО)

154

Македонската кошаркарска репрезентација запиша победа на последниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство, откако по втор пат ја совлада Полска, овој пат пред своите фанови со 88-74. За жал, нашата земја нема да учествува на континенталното натпреварување, следната шанса ќе ја има за четири години.

Маслинко 23 поени, Шортс 2о поени, додека Зеќири 17 поени, Нено застана на 11 поени.

„Црвено-жолтите“ одиграа добра прва четвртина. Под водство на Ти Џеј Шортс, кој постигна 11 поени (1/1 за два поени, 3/3 за три поени), Ненад Димитријевиќ (шест поени)  и борбениот Лејсон Зеќири, Македонија имаше водство од седум поени (26-19). Добрата игра продолжи и на стартот на втората четвртина која со тројката на Робев, нашата репрезентација поведе со двоцифрени 29-19. Двоцифрена разлика, Македонија имаше во 19-та минута по двете слободни фрлања на Димитријевиќ за 42-32. На одморот резултатот беше 45-39.

После четири минути игра во третата четвртина, Полска отвори со 8-3 и дојде на минус еден поен разлика (48-47), а потоа израмни на 53-53 во 26-та минута. Нешто подоцма, Зеќири, кој е најпријатното изненадување во овие два меча, со пет поени во низа и Маслинко со две слободни фрлања зголемија наа 67-55 на стартот на последната четвртина.

Полска не се откажа од намерата да замине со победа, постојано притискаше и создаваше на момент несигурност во нашите редови, со серија од 11-2 намалија на 69-66. Тоа беше причина за да Јончевски конечно да го врати на теренот Шортс, со кого Македонија на овој меч играше како под ноти. Ова уште еднаш се потврди на дело, Шортс внесе стабилност, а Маслинко одговори на вистински начин и во 37. минута со забивање зголеми на плус 10 (81-71). Ова беше доволно водство за да Македонија зачекори кон победата.

Овие квалификациите „црвено-жолтите“ ги завршуваат со две победи и четири порази, недоволно за пласман на ЕП 2025.

ПретходноБитката за Истанбул без победник, Галата и натаму со +6 пред Фенер!
СледноЈончевски: Победа која е важна, но не можеме да славиме – не се пласиравме на ЕП