Македонските кошаркари против Полска за чесно збогум!

54

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (18:30 часот) го игра последниот квалификациски меч за Европското првенство 2025 година. Добро е познато дека селекторот Александар Јончевски и неговите избраници не успеаја да останат во игра за враќање на европската карта, па дуелот против Полска во „Кале“ ќе биде без резултатско значење.

Македонија до денешнта средба има скор од една победа и четири порази, единствениот триумф го оствари токму против еден од домаќините на ЕП 2025 година, Полска.

Иако оваа средба нема резултатско значење, сепак во составот на Македонија ќе бидат евролигашките кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс, кои за жал не беа доволни за да се победи Естонија на гости.

Билети за мечот меѓу Македонија – Полска се уште има во продажба, цената е 300 денари.

ПретходноФК Вардар за мечот во Струга викендов: Натпревар организиран на европско ниво
СледноКрезиќ со убав гол викендов (ВИДЕО)