Митревски уште еднаш покажа зошто е ГОЛМАНИШТЕ! (ВИДЕО)

594

Вечерва во Битола, Пелистер со 33:20 го победи младиот состав на Алкалоид во дербито на ракометна Македонија. Пред преполни трибини во салата “Боро Чурлевски“ сиот тим на Пелистер одигра одлично, пред се Филип Кузмановски и Богдан Радивојевиќ, но печат на мечот со блескава партија и 12 одбрани, даде искусниот голман на битолчани и репрезентативец на Македонија, Никола Митревски.

Со своите одбрани го “откажа“ противникот, токму кога беше најпотребно. Со своите одбрани Митревски уште еднаш покажа дека е екстра класа голман.

Голманиште…

ПретходноЗеќири: Пред нашата репрезентација е светла иднина!
СледноМодриќ и со 40 години ќе игра за Реал Мадрид! Фабрицио Романо го најави новиот договор со “кралевите“! (ФОТО)