Пелистер му се реваншираше на Алкалоид и го превзема врвот

225

Во прекрасна атмосфера пред преполни трибини во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во дербито на 19.коло, Пелистер успеа да го победи младиот тим на Алкалоид со 33:20 (16:11).

Со оваа убедлива победа шампионот му се реваншираше на куп победникот за убедливиот пораз во Скопје на првиот меч.

Па така како што стојат сега работите, Е. Пелистер како првопласиран ќе го стартува плеј-офот и ќе пренесе три бода, Вардар ќе биде втор а Алкалоид трет, овие два тима ќе пренесат по два бода.

Треба да се каже дека Алкалоид имаше само еден ден одмор пред ова дерби, ако се знае дека во саботата играше европски меч со Бриксен. Секако дека и тоа имаше влијание на вечерашното дерби во Битола.

Инаку дербито домашните ракометари и тоа како подобро го отворија, подобро се снајдоа. Филип Кузмановски погоди за 1:0, но потоа цели пет минути немаше погоди. Капитенот на домашните потоа постигна уште еден гол за 2:0. Алклоид како да го немаше никаде, дури во 6.минута Стојкович погоди за 2:1. Следуваше серија од три гола за Пелистер, кој дојде до 5:1, Кузмановски со уште еден гол, па Цветан Кузманоски и Богдан Радивојевиќ стрелаа а Серафимов во 12.минута погоди за гостите за 5:2. За момент избраниците на Лазаров се најдоа себеси, на пет минути до крајот дојдоа на само -3 разлика, односно резултатот беше 12:9. Сепак во финишот грешките беа составен дел на Алкалоид па на пауза се замина со 16:11. Посакувана разлика за Пелистер за првиот дел.

Второто полувреме започна како и првото, со грешки на гостите и со голови и зголемување на разликата па така во 35.минута беше 19:13, претходно битолчани имаа и +7. Тешки моменти за Алкалоид. Домашната публика беше во транс, посебно по петтиот гол на Радивојевиќ од пенал за 20:13.

И дефинитивно нападот на четата на Лазаров не функционираше, токму затоа и беше таа разлика за битолчани. Бадијала големата борба, недостигаа голови во тие моменти за Алкалоид.

За разлика од гостите, Пелистер разигра, посебно се разгоропади Радивојевиќ со шестиот негов гол за водство од 22:14. Тоа е таа разлика од осум голови за Пелистер, највисока разлика за домашните на овој меч во досегашниот дел, а Лазаров повика тајмаут во кој на своите момци и објасни како треба да се однесуваат во продолжението на ова дерби.

Митревски имаше уште една одбрана, а Цветан Кузманоски со гол, четврти за него, за водство од +9 голови.

Токму Митревски царуваше на голот, а Кузмановски со својот осми гол донесе 24:14 или +10. Претходно тоа беше десеттата одбрана на Митревски.

Младиот гостински тим не можеше подобро во тие моменти, на осум минути од крајот имаше -11 голови. Таа разлика во еден момент беше и -12.

На крајот победа, убедлива за Пелистер против младиот состав на Алкалоид.

Одличен натревар одигра Филип Кузмановски кој постигна 11 голови, Радивојевиќ забележа осум реализации а Митревски имаше 12 одбрании стрелец на ден гол, последниот.

Кај гостите Серафимов успеа да постигне седум голови.

ПретходноЗлатан за тоа – Јас сум шеф: “Само се шегував!“
СледноБитката за Истанбул без победник, Галата и натаму со +6 пред Фенер!