ТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Тодоровски е “моторот“ на Вардар

510

Димитар Тодоровски, младиот играч за врска на Вардар според “СпортСпорт“ го одбележа ова 20.коло. Тој и дефинитивно е “моторот“ на “новиот“ Вардар, тој е креаторот на играта на тимот на Гоце Седлоски. А во Струга, каде Вардар победи со 0:2 едноставно Диме беше маестрален. Токму затоа според нас Диме е играч на ова 20.коло.

Покрај него во тимот на колото од Вардар се и голманот Талевски, Сенгор, Мурџески и Мато. Во идеалниот тим на 20.коло се и Личина и Имери (Шкупи), Ристевски (Пелистер), Ф. Рамадани и Крстевски (Шкендија) и Рушевиќ (Работнички).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ

Тим: Вардар

Роден: 07.03.2002 во Скопје

Кариера: Работнички, Брера, Вардар

ПретходноКрезиќ со убав гол викендов (ВИДЕО)
СледноСалах: Се трудиме да победиме на секој натпревар