ФК Вардар за мечот во Струга викендов: Натпревар организиран на европско ниво

587

ФК Вардар предмалку излезе со официјално соопштение со кое јавно се заблагодарува на екипата на Струга ТЛ за организацијата и пречекот на првенствениот меч одигран во саботата во раките од 20. коло од ПМФЛ шампионатот.

„ФК Вардар сака да изрази благодарност кон домаќинот на натпреварот кој го одигравме во саботата против шампионот на Македонија.
Приемот и организацијата беа на европско ниво, како што доликува на еден шампион на оваа држава“ – стои во соопштението на ФК Вардар.

https://fcvardar.com/vesti_head.html

На овој меч присуствуваше и навивачката група Комити, која што по завршувањето на првото полувреме беше одстранета од страна на организаторот поради скандирање на национална основа. Домаќинот неколку пати апелираше пред да се реши на ваквиот потег.

 

ПретходноТашовски се врати во ТФТ
СледноМакедонските кошаркари против Полска за чесно збогум!