ФОТО НА КОЛОТО: Седло “стави“ печат на оставката на Ќато!

263

Пред дерби натпреварот во Струга, каде се сретнаа Струга ТЛ и Варда, двајцата пријатели и тренери на двата тима, Ќатип Османи и Гоце Седлоски срдечно и со насмевки се поздравија како големи спортсмени. Нема дилеми дека и двајцата се тоа, и двајцата важат за едни од нашите најдобри и најтрофејни стратези.

Сепак по мечот на Ќато не му беше до смеење, неговиот тим беше поразен од Вардар и затоа и си даде оставка. Тој пораз од Седло како да беше капак на се, на сите оние лоши игри и резултати на Струга ТЛ оваа сезона.

Па така може да се каже дека токму Седло “стави“ печат на оставката на Ќатип Османи.

ПретходноБуџетот за спорт за 2025 година изнесува 1,1 милијарди денари
СледноЛисолајски со Австралија во полуфиналето од У20 купот на Азија