Во емисијата „Inside the NBA“, легендарниот кошаркар Шекил О’Нил сподели приказна која што го шокираше светот.
Како што е случај до ден денес, на Олимписките игри се спроведуваат секакви видови на тестови, од типот на допинг, и други недозволени седства. При туринските тестови врз Дрим тимот два, кој што настапуваше на ОИ во Атланта 1996 година и каде што беше дел О’Нил се случил сериозен скандал. Имено, пред секој тест нормално не смее да се конзумира ништо, а О’Нил изел колач таканаречен „мафин“ со мак. Кој што пак, во себе содржел дериват сличен каков што има како состојка во кокаинот, една од најраспространетите дроги последните децении. Во прв момент сите останале шокирани, најмногу легендарниот играч, но набргу се дознало дека „мафинот“ е виновен за се.
Shaq just casually talking about testing positive for cocaine at the 96 Olympics 😭😭pic.twitter.com/K7ur43VNG2
— Hater Report (@HaterReport_) February 21, 2025