Мајорка со гол во 90+1.минута се спаси од пораз кај Севиља!

35

Кога се чинеше дека Севиља на свој терен, на “Санчез Писхуан“ ќе дојде до победа и три бода, во таа 90+1.минута при резултат 1:0, гостите од Мајорка успеаја преку Валјент да постигнат гол и да дојдат до 1:1 и до реми.

Штета за домашната екипа која имаше многу шанси, одигра сосема добро, но така е тоа во фудбалот, кога не ги користиш своите шанси казната кога – тогаш те стигнува. Треба да се каже дека и гостите имаа свои шанси, во второто полувреме тие ја диктираа играта и на крајот дојдоа до бод.

Инаку голот за тимот од Андалузија беше дело на Салас во 45+2.минута.

Со овој бод Севиља сега е на 11.место на табелата во Ла Лига со 32 бодоа, а Мајорка има 35 и се наоѓа на осмата позиција.

Инаку ова беше последниот меч од 25.коло во Ла Лига.

ПретходноРома убедлива против Монца!