Во среда се играат натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Познати се и судиите за овие четири средби.
Во Струга, каде играат се очекува да биде најинтересно, каде играат Струга ТЛ и Гостивар, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
На Градски во Скопје судијата Фуркан Идризи од Тетово ќе ја дели правдата на средбата Вардар – Силекс.
Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите на овие четвртфинални средби во Купот на Македонија.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ ВО КУПОТ – СРЕДА (14 Ч)
Струга: Струга ТЛ – Гостивар (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Радовиш: Детонит – Шкендија (Александар Грујоски – Кичево)
Струмица: Брера – Арсими (Стојанче Стојанов – Штип)
Скопје: Вардар – Силекс (Фуркан Идризи – Тетово)