Македонската кошаркарска репрезентација со победа се одјави од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година, на кое нема да игра. На домашен терен ја совлада Полска со 88-74, вторпат во овие квалификации.
„Победа која е важна, но не можеме да ја славиме бидејќи не одиме на ЕП. Како и да е да го победиш тим кој веќе е таму, тим кој беше четвртти на претходното првенство значи многу. Може да жалиме за првиот меч против Естонија тука. Задоволен сум од играта на момците, среќен сум за фановите кои дојдоа тука“, изјави Александар Јонечвски, кој вели дека не било тешко да се мотивираат момците иако од Талин се вратија со пораз:
„Мотивацијата не беше најтешкиот момент, бидејќи имавме голема желба да ја добиеме Естонија, имавме одлични 27. минути. Реалната слика не 20 поени разлика, бидејќи не погодивме отворени шутеви. Тоа се професионалци, дел се повеќе од дв циклуси, сите се свесни зошто се тука“.