Барса-Атлетико 4:4: Фантастичен, спектакуларен меч за паметење на “Монжуик“!

249

Невиден спектакл на “Монжуик“ вечерва во првиот меч од 1/2 финалето во Копа дел Реј. Барселона – Атлетико Мадрид 4:4 е епилогот од фантастичен меч. Се разбира дека финалистот ќе го добиеме во реваншот во Мадрид.

А се почна уште во 47 секунда кога Алварез носи водство за 0:1 за гостите. Во 5.минута беше веќе 0:2 со голот на Гризман.

Потоа тргна Барса, многу бргу, веќе во 21.минута имаше 2:2, и тоа со головите на Педри и Кубарси, а во 41.минута Мартинез прави целосен пресврт со гол за Барса за 3:2

Со тој резултат се замина на пауза. Во 74.минута Левандовски зголеми на 4:2. И во моментите кога Барса имаше игра и шанси за петти гол, Љоренте во 84.минута ги постави тие 4:3, но тоа не беше се. Серлот во 90+3.минута стрела за конечни 4:4.

Можеме само да претпоставиме како ли ќе биде на реваншот на “Ванда Метрополитано“.

ПретходноСензација: Третолигаш го победи Вердер и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Германија!
СледноЧелзи убедлив со Саутемптон!