Барселона подготвува нов договор за Флик

110

Со оглед на фактот дека Ханси Флик се покажа како полн погодок на тренерското место во Барселона, клубот на големо се подготвува за долгогодишна соработка со него. Претсадетелот Жоан Лапорта и целиот менаџмент на клубот се презадоволни од германецот па тој наскоро на маса ќе добие понуда која е со трајност до 2028 година.
Поточно, актуелниот договор на Флик е со важност до 2026 но клубот не сака ништо да остави на случајност.

Уште еден момент е многу важен. Наскоро доаѓаат претседателски избори во клубот, поточно истите се закажани за 2026 година, а во нив Лапорта не сака да влезе со нерешено тренерско прашање.

Токму затоа наскоро се очекува и официјализација на преговорите, а потоа нормално и потпис на новиот договор.

 

ПретходноСлот за Салах: Колку подобро игра, толку поскап станува
СледноАлал да му е на Нено, дресот на Македонија подарок за најверните навивачи