Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа два порази од БиХ

61

Женската репрезентација на Македонија до 19 година беше поразена со 4:2 и 4:0 од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во рамките на двата контролни натпревари одиграни помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

На првиот контролен меч, БиХ забележа победа со 4:2.

Во 19. минута Уна Ранкиќ погоди за предност на Босна и Херцеговина. Нина Гарибија во 33. минута ја зголеми предноста. Две минути подоцна Таснем Џинџаревиќ погоди за убедливи 3:0.

Во продолжението од натпреварот, Јована Павловска во 64. минута погоди за намалување на предноста, но Јована Лана Новаковиќ веќе во следната минута го постигна четвртиот погодок за Босна и Херцеговина. Јована Павловска во 78. минута го постигна вториот погодок на денешната средба за конечни 4:2.

На вториот контролен дуел, противникот забележа убедлив триумф од 4:0.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Ѓиѓаревиќ во 50 и 60 минута на два пати стрелаше за предност од 2:0. Ѓорѓиевска во 67. минута постигна афтогол. Конечните 4:0 ги постигна Абдукиќ во 67. минута од средбата.

ПретходноАнчелоти: Претседателот на Ла Лига премногу зборува за нас и не покажува почит
СледноСтартот на сезоната во Формула 1 е закажан во Бахреин