Меч кој го чека планета: Време е за одмазда! Дончиќ против Далас

1638
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Утринава од 04 часот во “Крипто Арената“ во Лос Анџелес ќе се одигра меч во НБА кој го чека со нетрпение цела планета. Имено Лука Дончиќ по првпат откако беше избркан од Мавси, ќе игра против нив, односно ЛА Лејкерси ќе го дочекаат составот од Тексас.

Јасно е дека мотивите на Словенецот ќе бидат до небо. Лука ќе сака по секоја цена да им покаже на Мавси што навистина знае и може.Секако дека ќе му треба помош и од Леброн и таа ќе стигне секако, без сомневање.

Дончиќ во последно време игра во одлична форма, докажува и покажуа дека Лејкерси во него добија мега засилување.

Како што рековме мечот почнува утринава од 04 часот, во секој случај арената во ЛА ќе биде претесна да ги прими сите заинтересирани за овој спектакл.

Ваков интерес за меч од НБА одамна немало.

ПретходноКопа Дел Реј: Алварез уште во 47 секунда ја “тресеше“ Барса, беше и 0:2, а во 21.минута 2:2! (ВИДЕО)
СледноКристал Палас ја декласира Астон Вила, победи и за Брајтон и Фулам!