Реал Мадрид ќе врати двајца играчи од кои се откажа пред извесно време

623

Реал Мадрид пушти двајца свои талентирани младинци во други тимови, каде што станаа водечки играчи во своите нови средини. Сепак, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се решени да ги вратат. Тоа се Нико Паз (веќе во Комо) и Мигел Гутиерез (Џирона).

Во договорите на двајцата, „кралевите“ претпазливо внесоа клаузули за нивен откуп, а токму тоа имаат намера да го искористат по завршувањето на сезоната, информира „Кадена Сер“.

20-годишниот Нико Паз е офанзивен играч за врска. Реал може да го откупи на лето за 8 милиони евра по разделбата за 6 мил. Гутиерез има 23 години и е лев бек, за него треба да издвојат 9 милиони евра.

Планот е и двајцата да бидат дел од тимот за претсезонски тренинзи, по што тренерот ќе одлучи дали ќе се потпре на нив. Дури и да се донесе одлука за нивна продажба, очекувањата се дека Реал Мадрид ќе добие повеќе од сумите кои ќе бидат платени за нивните клаузули.

За Паз има сериозен интерес од Интер, а Гутиерез го бара Атлетико Мадрид.

ПретходноРомански предизвик на патот на Алкалоид кон полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп
СледноЕвролигашка магија среде Скопје: Димитријевиќ со тројка за најавни шпици, Полска „свена“ чекајќи го Шортс да промаши (ВИДЕО)