Слот за Салах: Колку подобро игра, толку поскап станува

317

Навивачите на Ливепрул во моментов можат да бидат и повеќе од задоволни. Тимот е лидер во Премиер лигата, на прагот е да освои уште една титула. Арне Слот перфектно го замени легендарниот Јирген Клоп сезонава, а Мохамед Салах е во животна форма.

Тоа секако е голем плус за клубот, кој што и натаму не потпишува нов договор со најдобриот играч, иако важечкиот е до лето.

„Можеме да гледаме на ова на два начина. Колку подобро игра, толку станува поскап, но ако не го испоќитува клубот, ќе размислиме двапати пред да го продолжиме неговиот договор. Мислам дека е најдобро секој да се постави онака како што тоа го прави сега. Можеби за тие што треба да му платат не е најдобро, но за сите други е.Ако не сте на тоа ниво, речиси сте бескорисен. Потребни ни се играчи кои се на својот врв бидејќи ова е еден од најдобрите, ако не и најдобриот клуб во светот. Салах треба да настапи вака и се надевам дека ќе го продолжи договорот“, рече Слот.

ПретходноТи-Џеј Шортс во трка за МВП признанието за последното квалификациско коло
СледноБарселона подготвува нов договор за Флик