АК Работнички потврди: Андреас Трајковски дел од ЕП во сала

50

Атлетскиот клуб Работнички денеска и официјално сподели дека Европската Атлетска федерација го потврди учеството на Андреас Трајковски во скок во далечина на предстојното Европско првенство во атлетика во сала кое од 6 до 9 март ќе се одржи во Апелдом (Холандија).

Андреас својот пласман го обезбеди како најдобар Македонски атлетичар во сала за оваа сезона, за што Европската Атлетска федерација му додели универзално место. Ова ќе биде негов прв настап на едно Европско Првенство во сала. Минатата година Андреас настапи на Европското Првенство на отворено во Рим (Италија) каде обезбеди пласман преку ранг листата на Европската Атлетска федерација.
Андреас својот настап ќе го има на 6 март во 20.30 часот кога на програмата се квалификациите во скок во далечина.
Да му посакаме среќа и успешно предствавување на Македонија

ПретходноОчекувано: Дарко Панчев избран во идеалниот тим на Ц.Звезда на сите времиња! (ФОТО)
СледноРејндерс во Милан до 2030 година