Во Турција никогаш не е досадно: Галатасарај го обвини Мурињо за расизам

180
Фото: Fenerbahçe SK

Турбуленциите во турскиот фудбал не стивнуваат по ремито на големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче во 24. коло од шампионатот. Резултатот остана 0:0, што значи дека Галатасарај одржува шест бода предност, а вниманието на јавноста сега е насочено кон „аферата Мурињо“.

Поради чувствителноста на натпреварот беа ангажирани странски судии, а натпреварот го водеше словенечкиот судија Славко Винчиќ. Токму пофалбите за Винчиќ од страна на тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо предизвикаа бурни реакции. Галатасарај реагираше со официјално соопштение, обвинувајќи го Мурињо за расизам и најави правна постапка:

„Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој редовно дава погрдни коментари кон турскиот народ во јавноста откако почна да работи во Турција, сега додаде – нехумана реторика на своите неморални изјави“.

Мурињо во изјавата што го поттикна Галатасарај да најави правна битка:

„Влегов во соблекувалната и му се заблагодарив на Винчиќ за начинот на кој го судеше овој натпревар. Со него имаше турски судија и му објаснив дека дербито ќе беше катастрофа ако го судеше некој од локалните судии“.

Судењето на крајот беше фер во многу напорната атмосфера на дербито. Се надевам дека турските судии го гледаа ова и ќе си кажат дека отсега сакаат да судат праведно. Тогаш нема да има циркус во лигата како што беше досега“.

Овие зборови предизвикаа негодување кај дел од турската спортска јавност, продлабочувајќи го јазот меѓу клубовите, меѓу кои веќе владее големо ривалство кое често се манифестира во вид на отворена омраза на трибините и навивачки нереди.

ПретходноДенвер победнички, Јокиќ со нов рекорд (ВИДЕО)
СледноПеп на лето има намера да потроши 200 милиони евра и тоа само за еден играч!