Денвер победнички, Јокиќ со нов рекорд (ВИДЕО)

293

Синоќа во НБА се одиграа осум натпревари. Денвер Нагетс го совлада Индијана Пејсерс со 125:116. Нагетс доминираа во поголемиот дел од натпреварот, предводени од Никола Јокиќ.

Српскиот кошарка имаше импресивен настап, постигна 18 поени, 19 асистенции и 9 скока. Неговите 19 асистенции претставуваат нов личен рекорд, и воедно со нив се изедначи на второто место со најмногу асистенции на еден центар во историјата на НБА. Кај центрите, само Вилт Чембрлен имал повеќе асистенции во еден натпревар, со 21.

Покрај Јокиќ, Арон Гордон ги предводеше Нагетс со 25 поени. Мајкл Портер додаде 19 поени и 11 скока, додека Кристијан Браун постигна 17 поени. Сите пет стартери на Нагетс постигнаа двоцифрени поени, а тимот шутираше 56% од поле.

По оваа победа, Денвер Нагетс имаат скор 38-20 и го држат второто место во Западната конференција.

Резултати: Вашингтон – Бруклин 107-99, Филаделфија – Чикаго 110-142, Детроит – ЛА Клиперс 106-97, Атланта – Мајами 98-86, Јута – Портланд 112-114 и Сакраменто – Шарлот 130-88.

Претходно“Руските спортисти ќе учествуваат на Олимпијадата во Лос Анџелес со знамето и химната!“
СледноВо Турција никогаш не е досадно: Галатасарај го обвини Мурињо за расизам