Фантастичен успех на нашите млади каратисти Изабела и Филип Зајкови. Имено тие на „Абу Даби Гренд Слемот“ за млади категории, освоија златни медали во своите категории, што секако дека е голем успех за каратето како спорт за нашата земја.
Изабела Зајкова го освои првото место во категоријата до 64 кг за девојки, жолт појас.
Филип Зајков беше прв во категоријата до 30 кг, деца, бел појас.
На ова првенство учествуваше и Дарко Димитриев, сениори 69 кг, син појас.