Кристал Палас ја декласира Астон Вила, победи и за Брајтон и Фулам!

41

Вечерва стартуваше 27.коло во Премиерлигата. Изненадувачки, да не кажеме шокантни 4:1 за Кристал Палас против Астон Вила. Ретко кој помислуваше дека тимот на Унаи Емери ќе доживее така убедлив пораз.

Сар во 29.минута стрелаше за 1:0, Роџерс во 55.минута израмни на 1:1, за да во продолжение од средбата, Матета, уште еднаш Сар и Нкетиа ја наполнија мрежата на Вила за конечни 4:1.

Брајтон со 2:1 го победи Борнмут и тоа со головите на Жоао Педро и Велбек а голот за гостите беше дело на Клајверт.

Вулверхемптон со 1:2 беше дома поразен од Фулам во навистина интересен меч.

Сесењон уште во 1.минута погоди за водство на гостите. Во 18.минута Жоао Гомеш израмни на 1:1, за да во 47.минута Родриго Муниз ги постави конечните 1:2 за Фулам.

ПретходноМеч кој го чека планета: Време е за одмазда! Дончиќ против Далас
СледноИнтер го победи Лацио и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)