Меси ќе се врати во Барселона побрзо од очекувањата!

408

Според многумина најдобриот фудбалер во историјата на Барселона, Лионел Меси ќе се врати како играч во клубот бидејќи сака да игра на реновираниот „Камп Ноу“, објави новинарот Алекс Кандал. Не е сигурно кога точно ќе се случи тоа, но постои можност тоа да се случи веќе наредното лето.

Кандал е новинарот кој во 2022 година прв објави дека Лео следната година ќе се пресели од Пари Сен Жермен во Интер Мајами, што и се случи. Следното лето светскиот шампион ќе наполни 38 години. Неговиот договор со американскиот клуб е до крајот на календарската година.

Кандал дури ја цитира изјавата на Меси: „Нема шанси да се откажам од фудбалот пред да играм на новиот Камп Ноу“.

„Кој беше првиот што кажа дека Лео се сели во Интер Мајами? Не бев јас? А сега ви кажувам дека се враќа во Барселона“, објаснува Кандал за ДСпортс.

Лео Меси играше за Барса до 2021 година, кога беше принуден да замине откако клубот немаше пари да го продолжи договорот.

ПретходноШто ќе посееш – тоа и ќе жнееш: Време е за кошаркарска реконструкција!
СледноРомански предизвик на патот на Алкалоид кон полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп