Очекувано: Дарко Панчев избран во идеалниот тим на Ц.Звезда на сите времиња! (ФОТО)

224

Очекувано и заслужено. А како и не би ако се знае дека токму Дарко Панчев, со гол во пенал серијата во мај таа 1991 година во финалето во КШ во Бари, и ја донесе титулата европски првак на Ц. Звезда.

Во големата анкета на “Моцартспорт.рс“, Македонецот е избран во идеалниот тим, во најдобрите единаесет на сите времиња на овој клуб. Во тој избор или анкета учествува десетици легенди на двата клуба, Ц. Звезда и Партизан, но и новинари од некогашна Југославија.

Па така Панчев е единствениот Македонец кој се најде во идеалните тимови на сите времиња на овие два клуба:

Ц. ЗВЕЗДА:

Беара, Михајловиќ, Белодедиќ, Станковиќ, Митиќ, Петровиќ, Стојковиќ, Шекуларац, Џајиќ, Савичевиќ, Панчев.

ПАРТИЗАН:

Шошкиќ, Јусуфи, Васовиќ, Зебец, Чајковски, Ковачевиќ, Милутиновиќ, Бобек, Вукотиќ, Мијатовиќ, Галиќ.

ПретходноСтартот на сезоната во Формула 1 е закажан во Бахреин
СледноАК Работнички потврди: Андреас Трајковски дел од ЕП во сала