Екипата на Алкалоид го доби противникот во 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп, а со тоа и противникот во полуфиналето. Кирил Лазаров и неговите избраници ќе играат против Баја Маре од Романија, а победникот од овој натпревар ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Олимпијакос и Рунар.
Натпреварите од 1/4 финалето ќе се играат во последната недела од март, а натпреварите од полуфиналето во последната недела од април.
1/4 ФИНАЛЕ
Баја Маре – Алкалоид
АЕК – Партизан
Олимпијакос – Рунар
Хаукар – Извиѓач
1/2 ФИНАЛЕ:
Баја Маре – Алкалоид против Олимпијакос – Рунар
АЕК – Партизан против Хаукар – Извиѓач