“Руските спортисти ќе учествуваат на Олимпијадата во Лос Анџелес со знамето и химната!“

318

Се чини дека откако Доналд Трамп одново е на чело на САД, светот тектонски почна да се менува. Па така најавите од страна Русија, дека работите се менуваат и дека оваа земја повторно се враќа на голема врата, полека се остваруваат.

Пред се во светот на спортот, а тоа го најави министерот за спорт на Русија, Михаил Дегтјарев:

Како прво учеството на ЗОИ 2026 на нашите спортисти е загарантирано. Со оглед на временската дистанца ќе имаме спортисти во одредени спортови. Но затоа нашите мисли се насочени кој ЛОИ во Лос Анџелес 2028 година. Целосно се подготвуваме за таму и јас сметам дека на тие ЛОИ ќе бидеме комплетни и ќе учествуваме со знамето и химната“ истакна Дегтјарев.

Инаку ЛОИ во ЛА 2028 година ќе се одржат од 14 до 30 јули. Да се потсетиме дека во Париз на ЛОИ 2024 година, Русија учествуваше со 15 спортисти без своите обележја и без учество во екипините спортови поради санкциите на МОК.

ПретходноМајорка со гол во 90+1.минута се спаси од пораз кај Севиља!
СледноДенвер победнички, Јокиќ со нов рекорд (ВИДЕО)