Продолжува војната меѓу првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас и Реал Мадрид. Имено по изјавата на тренерот на “кралевите“ Карло Анчелоти, дека Тебас премногу зборува за Реал и дека нема респект кон клубот и неговите милиони навивачи, јасно беше дека Тебас брзо ќе одговори:
“Јас сум навивач на Реал Мадрид уште од дете и целата оваа приказна која ја промовира раководството на клубот е во спротивност со вредностите што отсекогаш сме ги знаеле. Карло, штета што те користат за ова, со оглед на искуството што го имаш“ е само дел на она што го напиша Тебас на сосцијалните мрежи како одговор на реакцијата на Дон Карло Анчелоти.
Со оглед на резултатите на Реал Мадрид на домашна сцена, се очекува оваа војна да продолжи. Некои работи предалеку се отидени.