Турска работа: Толку се мразат што не се ни поздравија пред натпреварот! (ВИДЕО)

557

Во светот на фудбалот некои клубови навистина не можат да се поднесат меѓусебе. Посебно ова се однесува на оние кои се од ист град. Кога играат на тие градски дербија, се е во знакот на тие мечеви. Сепак ниту една омраза не е толкава како онаа меѓу Галатасарај и Фенербахче. Овие два турски клуба од Истанбул толку се мразат што нивните играчи пред натпреварот не се поздравуваат, нешто што е вообичаено во последните години во светскиот фудбал.

Така беше и вчера, а се разбира дека Словенецот Славко Винчиќ, кој беше главен судија беше просто шокиран од тоа што го гледа.

Сигурно се запраша во тие моменти – Каде ли дојдов јас да судам?
Ова ривалство меѓу Галата и Фенер трае веќе 115 години, но ги надминува сите можни граници.

Турска работа.

На крај да кажеме дека играчите на двата клуба добија наредба од своите претпоставени дека не смеат по завршувањето на натпреварот ниту да помислат да ги разменуваат дресовите со играчи од противничкиот клуб.

ПретходноТебас му врати на тренерот на Реал: “Карло, штета што те користат за ова!“
СледноБекам си кажа кој е најдобриот фудбалер во историјата!