Многу врева се дигна по синоќешното мега – дерби во Турција меѓу Галатасарај и Фенербахче. Иако играта беше далеку под нивото на двата најголеми клубови во таа земја, сепак поинтересно е по самиот меч.
Се разбира дека атмосферата ја загреа кој друг, ако не Жозе Мурињо, тренерот на Фенер кој имаше примедби на однесувањето на домашните.
Тој кажа дека од резервната клупа на Галата сите скокале на секоја судиска одлука како мајмуни.
По ова имаше што да каже спротивниот табор, а се разбира дека Фенербахче го бранеше својот тренер:
“Кога за некој ќе кажеш дека трча како зајак, не мислиш буквално дека тој е зајак. Исто како да кажеш за некој дека скока како мајмун, не мислиш дека навистина е мајмун“ истакна потпретседателот на Фенер, Акун Ликали.