Алал да му е на Нено, дресот на Македонија подарок за најверните навивачи

254

Прекрасен гест на лидерот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ. По вчерашниот меч одигран во СРЦ „Кале“ каде Македонија ја совлада Полска во рамките од квалификациите за следното ЕП, дресот кој го носеше им го подари на најмалите, но очигледно најверни навивачи.

На трибините со прекрасен транспарент, трпеливо чекаа цел натпревар, а потоа Нено им ја исполни желбата. Им го подари неговиот дрес, кој сигурни сме ќе остане како сувернир за многу генерации.

Заедничлата фотографија секако е уште еден плус за младите навивачи. Прекрасно е чувството кога ќе се види вакво нешто. Кога на младата генерација идол им е домашен спортист во случајов нашиот најдобар кошаркар. Само така ќе создадеме здрава нација и здрава иднина со која Македонија ќе се гордее.

 

 

ПретходноБарселона подготвува нов договор за Флик
СледноФК Брера, број еден спортски колектив во Струмица