Интер го победи Лацио и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)

82

Интер – Лацио 2:0 е епилогот од вечерашниот четвртфинален меч во Купот на Италија. Шампионот беше подобар, имаше повеќе шанси и со тоа заслужено се пласира во следната рунда.

Момент на средбата на “Меаца“ се случи во 39.минута кога Арнаутович со прекрасен гол, со “бомба“ стрелаше во мрежата на гостите.

Точка на победата на Интер стави Чалханоглу во 77.минута и тоа од пенал.

Во полуфиналето Интер ќе се сретне со Милан, тоа ќе бидат два интересни меча на градските ривали.

ПретходноКристал Палас ја декласира Астон Вила, победи и за Брајтон и Фулам!
СледноСензација: Третолигаш го победи Вердер и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Германија!