Сензација: Третолигаш го победи Вердер и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Германија!

99

Фудбалерите на Арминија Билефелд направија вистинска сензација во 1/4 финалето во Купот на Германија. Тие вечерва славеа против Вердер Бремен со 2:1 и со тоа се пласираа во полуфиналето во ова натпреварување.

Значи бајката на Арминија продолжува оваа сезона во Купот на Германија.

Стрелци на головите беа Ворл во 35.минута, Малатини потоа си постигна автогол за 2:0 за еуфорија на трибините. Вердер Бремен успеа да го ублажи поразот во 56.минута за конечни 2:1 и пласман на третолигашот во полуфиналето.

ПретходноИнтер го победи Лацио и се пласира во 1/2 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)
СледноБарса-Атлетико 4:4: Фантастичен, спектакуларен меч за паметење на “Монжуик“!