Стартот на сезоната во Формула 1 е закажан во Бахреин

69

Со тридневни тестирања, кои ќе стартуваат в среда, ќе започне новиот Формула 1 шампионат.

Тестирањата ќе се обават на стазата Сакир, една недела одкако во Лондон, екипите и официјално ги претставија своите болиди и возачи. Тестирањата ќе ги дадат финалните податоци, за капацитетот на болидите пред стартот на шампионатот.

„Мислам дека оваа сезона ќе биде продолжение на минатата во која четири тима, Мекларен, Ферари, Ред Бул и Мерцедес беа способни да победат, и да стигнат до титулата“ – изјави директорот на Ферари, Фредерик Васер.

Првата трка е за Големата Награда на Австралија на 16 март, а сезонава точно 20 тимови ќе се натпреваруваат во најпрестижниот мото спорт на планетава.

ПретходноЖенската репрезентација на Македонија до 19 години забележа два порази од БиХ
СледноОчекувано: Дарко Панчев избран во идеалниот тим на Ц.Звезда на сите времиња! (ФОТО)