Лионел Меси му помогна на својот Интер Мајами да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ, постигнувајќи гол во двата меча против Спортинг Канзас Сити.
Во реваншот тој во 19. минута му донесе водство на својот тим од 1:0. Тој ја прими топката во центарот и ја проигра на левата страна за Луис Суарез, кој му ја врати назад во средината. Меси ја прими топката на градите и со волеј ја удри во мрежата.
На вкупно 42 настапи за Интер Мајами, тој постигна 36 гола и запиша 20 асистенции. Неговата ефикасност е исклучителна – постигнува голови во просек на секои 92 минути, додека директно асистира по гол на секои 59 минути. Во МЛС постигна 18 гола и имаше 12 асистенции на 24 натпревари.
На крајот Интер победи со 3:1, а централни фигури беа Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба.