Лука Дончиќ чекаше и го поздрави доаѓањето на неговиот поранешен тим Далас Маверикс во Лос Анџелес и беше исклучително мотивиран. Очекувано, новиот ас на Лејкерс почна да прави склекови на средината на теренот додека се загреваше, давајќи до знаење на тимот што го избрка колку е лут и инспириран.
Luka Doncic doing pushups while his former Mavericks GM, Nico, watches him in the background 👀pic.twitter.com/sJ2Z4mcnmk
— BasketNews (@BasketNews_com) February 26, 2025
Очигледно, ова беше алузија на озборувањата што ги „шират“ Далас Маверикс дека Дончиќ има вишок килограми и дека со 122 килограми нема работни навики.
Дончиќ беше сигурен дека оваа порака ќе стигне до гостите кои требаше да ги допре – предводени од Ник Харисон. Генералниот директор на Далас свесно се откажа од словенечката суперѕвезда во јануари и го навлече гневот на навивачите.
Овој дуел Дончиќ го заврши со трипл-дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции. Тој стана третиот кошаркар во НБА-лигата, кој запишал трипл-дабл против сите тимови.