Куп 1/4 финале-полувреме: Вардар подобар, но нема голови на Арената, нема ни во Струга, Шкендија и Брера со водство!

350

Завршија првите полувремиња од 1/4 финалните мечеви во Купот на Македонија.

На Арената во Скопје, Вардар беше подобар тим од Силекс. Имаше и неколку закани по голот на гостите, Мато во 20.минута имаше зицер, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Во Струга се води голема борба, Струга ТЛ имаше повеќе од играта и шансите против Гостивар, но не успеа да ја затресе мрежата на гостите.

Шкендија во Радовиш очекувано доминира. Има водство против Детонит со 0:1 со голот на Шаља, а Адеми не погоди од пенал.

Води и Брера против Арсими во Струмица и тоа со 1:0 со голот на Нзенгуе, кој во 15.минута го лобуваше противничкиот голман.

Да потсетиме дека ако нема победник по истекот на регуларните 90.минути, тогаш веднаш ќе се шутираат пенали, нема продолженија.

ПретходноФлик: Многу сум разочаран, имавме големи шанси!
СледноСимеоне: Бевме похрабри на крајот!