Ливерпул гази кон титулата, шампионско славје веќе во април!

137

Уште една беспрекорна партија на Ливерпул, нова победа и +13 во однос на Арсенал во трката за титулата во Премиерлигата. „Црвените“ направија огромен чекор кон титулата откако вечерва со 2:0 го совладаа Њукасл.

Ливерпул на рутински начин ја постигна 20-та победа сезонава. Гостите тргнаа без Исак кој остана надвор од протоколот поради болки во мускулите. Ливерпул уште во првото полувреме навести сигурна победа. Луис Диаз испрати прецизно повратно додавање, а Собослај ја продолжи голгетерската серија за 1:0.

Се беше готово во 63. минута кога Салах како на тацна го проигра Мекалистер, а тој рутински погоди за 2:0.

Сега Ливерпул мора да загуби четири натпревари, а Арсенал да победи на сите до крајот за да се врати во битка за титулата. Тоа изгледа многу неверојатно, па веќе во април и официјално ќе може да ја прослави својата нова шампионска титула.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЈувентус на пенали елиминиран во четвртфиналето на Купот на Италија (ВИДЕО)
СледноЕндрик го турка Реал кон финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)