Јувентус на пенали елиминиран во четвртфиналето на Купот на Италија (ВИДЕО)

79

Фудбалерите на Емполи успеаја да го исфрлат Јувентус од Купот на Италија и да се пласираат во полуфиналето откако на пенали успеаја да слават во Торино на гостувањето кај големиот фаворит. Во регуларното време мечот заврши со резултат 1:1, а по изведувањето на пеналите гостите славеа со 4:2.

Најавата за изненадување дојде уште во 24. минута од натпреварот кога Емполи поведе. Малех шутираше од околу 20 метри и погоди за водство од 0:1. Јувентус израмни во 66. минутана 1:1, но до крајот не успеа да погоди и за комплетен пресврт.

Во пенал-рулетот Влаховиќ и Јилдиз промашија за Јуве, додека гостите беа 100% за полуфинале.

ПретходноАрсенал ја губи битката за титулата, Халанд за победа на Сити (ВИДЕО)
СледноЛиверпул гази кон титулата, шампионско славје веќе во април!