Добри вести за тимот на Барселона и тренерот Ханси Флик. Во тимот ќе се врати Андреас Кристенсен кој што извесно време е во „аут“ поради повреда.
Данецот ја мина речиси целата прва полусезона закрепнувајќи се од тендинопатија на левата Ахилова тетива и во јануари успеа да забележи три настапи за тимот, но повторно се повреди и не можеше да се врати на терените.
Сега, информациите од Ноу Камп се дека тој повторно е фит и дека ќе се приклучи на тимот односно ќе биде во комбинација.
Барселона на домашен терен во недела од 17:15 часот е домаќин на Реал Сосиедад.