Арсенал ја губи битката за титулата, Халанд за победа на Сити (ВИДЕО)

49

Фудбалерите на Арсенал одиграа нерешено 0:0 на гостувањето кај Нотингем Форест и полека како да ја губат битката со Ливерпул за шампионската титула во Англија. Вечерва во продолжението на 27. Коло во Премиерлигата, видовме неколку одлични дуели, во очекување на завршницата во Ливерпул, каде гостува Њукасл.

Се очекуваше дека Арсенал ќе се обиде и без своите најопасни напаѓачи да дојде до победа со која ќе ја задржи битката за врвот, но и Форест тешко успеваше да го пробие ѕидот пред голот на Давид Раја. Без поголеми шанси, мечот заврши без гол.

Возбудливо беше на „Олд Трафорд“ каде домашните на крајот дојдоа до победа од 3:2 над Ипсвич. Веќе во четвртата минута Доргу и Онана ниту се разбраа, а Филоџин погоди во празната мрежа за 0:1. Јунајтед брзо успеа да се врати. Во 22. минута Морси несмасно си постигна автогол со глава по центаршутот на Бруно за 1:1. Во 26. минута веќе беше 2:1, откако по неколку обиди Де Лигт се најде на вистинското место и погоди за пресврт.

Потоа Доргу направи уште една глупост, заработи заслужен црвен картон. Ипсвич ја искористи предноста благодарение на Онана, кој огрешно го процени летот на топката по нафрлувањето на Филоџин, и топката заврши во голот за 2:2. Иако Јунајтед влезе во вториот дел со играч помалку, веднаш направи пресврт. Во 47. минута Бруно нафрли од корнер, а Мегваер беше највисок на одбиената топка за 3:2.

Во дербито на колото Манчестер Сити успеа да го совлада Тотенхем како гости со резултат 1:0. Ерлинг Халанд во 12. минута погоди за победа.

Во последниот натпревар Брентфорд и Евертон ремизираа – 1:1.

ПретходноРаботнички 71&22 е последен полуфиналист во Купот на ОФМ
СледноЈувентус на пенали елиминиран во четвртфиналето на Купот на Италија (ВИДЕО)