Ветено – сторено: РФМ им исплати три милиони денари на ракометарите!

96
Ракометната федерација на Македонија ја исплати наградата на машката ракометна репрезентација од три милиони денари за настапот на Светското првенство. Кирил Лазаров и неговите момци го задржаа континиутетот на учества на големи натпреварувања, на последниот Мундијал го освоија 15. место.
„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на IHF World Championship 2025. Македонската сениорска репрезентација на IHF World Championship 2025 CRO/DEN/NOR настапи во градот Вараждин Р. Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија“, се вели во известувањето на РФМ. 
ПретходноРамос е како КРАЛ во Монтереј: Сам си бира кога ќе игра, заработува од дресовите и има личен шофер!
СледноАлонсо: Ќе биде тешко во Берлин, но треба да се покажеме и на гостински терен!