Ендрик го турка Реал кон финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)

47

Спо победа од 1:0 на гостински терен во Сан Себастијан, Реал (М) направи чекор кон големото финале во Купот на Шпанија. Мечот беше решен уште во 19. минута кога мадриѓаните ја освоија топката пред својот шеснаесетник и веднаш тргнаа во брза акција. Белингем на крајот испрати долга топка до Ендрик, кој ја прими на градите, влезе во шеснаесетникот и го совлада голманот Ремир за 0:1.

Првите пет минути од вториот дел донесоа многу возбудувања. Најпрво Сосиедад беше блиску до израмнување, но голманот на Реал, Лунин направи две одлични одбрани. Неколку минути подоцна голема шанса имаше Реал. Винисиус испрати долга топка до Ендрик, кој мајсторски ја исконтролира, а потоа шутираше силно, но гредата ги спаси домашните.

Реал се задоволи со минимален триумф пред реваншот на својот стадион во првите денови од април.

ПретходноЛиверпул гази кон титулата, шампионско славје веќе во април!