Конте седнува на клупата на Милан?!

194

Вистинска “бомба“ одекна во фудбалска Италија. Имено како што пренесуваат тамошните медиуми, по завршување на сезоната Милан ќе има нов тренер и тоа никој друг туку Антонио Конте. Делува по малку сензационално и е на неверување, но дали е баш така посебно ако се знае дека Конте едноставно не може да се снајде во клуб каков што е Наполи кој за претседател го има Аурелио де Лаурентис. Така беше со Анчелоти, така беше и со Спалети, така е и со Конте.

Во случај овие најави да се остварат, тогаш Конте ќе биде еден од ретките тренери кои во својата кариера бил тренер на Јуве, Интер и Милан, најголемите клубови во Италија. Познато е дека тој со Јуве и Интер ги освојуваше титулите во Серија А.

Е сега какви ќе бидат релациите меѓу Ибрахимовиќ и Конте во Милан, тоа никој не го знае.

ПретходноМеси е казнет затоа што го допрел за врат противничкиот тренер
СледноШампионот во завршни преговори со Илчо Ѓорѓиоски!